Со поставување на камен-темелник започна изградбата на хидросистемот Бошава во Кавадарци, со што практично започнува реализацијата на еден од најинтересните проекти кои се спроведуваат во Македонија. Ова претставува спој на неколку значајни компоненти, а инвестицијата е вредна над 13 милиони евра и ќе се реализира со јавно приватно партнерство, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски кој присуствуваше на почетокот на изградбата на овој голем проект во Кавадарци. Партнери во овој проект се Владата преку јавното водостопанско претпријатие Тиквеш, општините Кавадарци и Росоман, приватна компанија Турбоинститут од Словенија. Со проектот кој е мултифункционален ќе се зголеми капацитетот на вода за пиење за двете општини, ќе се добие технолошка вода за наводнување, а со искористување на потенцијалите на реката Бошава ќе се изградат пет мини хидроелектрани со максимална инсталирана моќност од 10.8 мегавати.
Со поставување на камен-темелник започна изградбата на хидросистемот Бошава во Кавадарци, со што практично започнува реализацијата на еден од најинтересните проекти кои се спроведуваат во Македонија.
- Ова претставува спој на неколку значајни компоненти, а инвестицијата е вредна над 13 милиони евра и ќе се реализира со јавно приватно партнерство, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски кој присуствуваше на почетокот на изградбата на овој голем проект во Кавадарци.
Партнери во овој проект се Владата преку јавното водостопанско претпријатие Тиквеш", општините Кавадарци и Росоман, приватна компанија Турбоинститут од Словенија. Со проектот кој е мултифункционален ќе се зголеми капацитетот на вода за пиење за двете општини, ќе се добие технолошка вода за наводнување, а со искористување на потенцијалите на реката Бошава ќе се изградат пет мини хидроелектрани со максимална инсталирана моќност од 10.8 мегавати.
- Се работи за странска инвестиција, а привлекувањето на странските инвестиции е генерална определба на Македонија. Станува збор за проект за искористување на природните потенцијали кои ги има државата. Со овој проект ќе се произведува електрична енергија од обновливи извори на енергија што значи заштита на животната средина, а се решаваат и потребите од инфраструктурата на граѓаните од неколку општини. Ќе има доволно вода за пиење и рестрикциите во водоснабдувањето ќе станат минато за овој крај. Но, ќе има и вода за наводнување во земјоделството. Значи се работи за повеќе компоненти споени во едно, рече вицепремиерот Пешевски.
Директорот на Турбоинститут од Словенија Владимир Керцан рече дека проектот ќе се реализира до крајот на оваа година.